Котлети со сенф

Котлети со сенф

Вкусни јагнешки котлети со сос од сенф.

Состојки:

  • 4 јагнешки котлети
  • 2 лажици естрагон сенф
  • малку маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • малку месна супа
  • 30 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Котлетите пропржете ги на маслиново масло, па посолете и побиберете од двете страни.

     

  2. Извадете ги котлетите на топло, одлијте го вишокот маснотии и во истиот сад ставете малку месна супа и почекајте да зоврие. Додајте естрагон сенф и на крај парчиња ладен путер за сосот да се поврзе.

     

  3. Прелијте ги котлетите и послужете со варен компир и салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт