Брзи фритули со јогурт: Пржено традиционално тесто кое се топи во уста

Брзи фритули со јогурт: Пржено традиционално тесто кое се топи во уста

Фритулите се традиционален специјалитет кој се подготвува во приморскиот дел од Хрватска, а многу се слични на крофните.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 1 мало пакување јогурт
  • 1 лажица рум
  • прстофат сол
  • масло за пржење
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте брашно, прстофат сол, шеќер и прашок за печиво. Додајте јајца, лажица рум и јогурт, па разматете во глатка смеса.

     

  2. Загрејте од прилика литар масло во сад, па со помош на лажица обликувајте фритули и пржете ги додека не попримат златна боја.

     

  3. Извадете ги од маслото, префрлете на хартиени салфети за да се исцеди вишокот маснотија. Посипете со шеќер во прав или прелив по желба.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт