Брза и вкусна торта со мед – Ќе ве врати во детството

Брза и вкусна торта со мед – Ќе ве врати во детството

Направете брза и вкусна торта која ќе ве врати во детството.

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 3 јајца
  • 450 гр. брашно
  • 150 гр. маргарин
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажиче сода
  • 500 гр. кисела павлака
  • 1 шолја шеќер за крем

Подготовка:

  1. Се меша маргарин со мед и со шолја шеќер во шерпа.
  2. Се остава на оган и се меша.
  3. Откако ќе зоврие се става сода и се меша додека не претсане да се пени (околу 2-3 минути).
  4. Се остава да се олади смесата и се додаваат потоа матени јајца со мешање.
  5. Се додава и просеано брашно на крај исе меша убаво.
  6. Се става пола од смесата во калап за торта, се пече на 180 степени во загреана рерна 15-20 минути. Така се прави и со вториот дел од смесата со што ќе испечете две кори.
  7. Нека се оладат корите, а за тоа време измешајте павлака со шеќер.
  8. Исечете ги корите и меѓу нив ставете крем, редете кора, па крем.
  9. Оставете ја тортатат во ладилник, а декорирајте ја последната кора по вкус.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука