Мусака од спанаќ

Мусака од спанаќ

Секогаш ја подготвувате со компири или тиквици? Еве уште една варијанта на мусака, овој пат со спанаќ, вкусот е одличен!

Состојки:

  • 1 кг спанаќ
  • 4 главици кромид
  • 600 гр мелено месо
  • бибер
  • сол
  • магдонос
  • 2 јајца
  • малку ориз

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот измијте го и згответе го. На масло пропржете кромид, па додајте месо. Кога месото ќе биде готово зачинете го, додајте јајце, брашно на врв на нож и малку ориз.

     

  2. Спанаќот редете го на дното на плехот, па ставете месо и повторно спанаќ. Прелијте со мешавина од кисела павлака, млеко и јајце и печете еден час на 180 степени.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта