Брз појадок совршен за со кисело млеко, павлака и јогурт.
Состојки:
- 500 гр. кори за пита
- 400 гр. сирење
- 100 гр. фета сирење
- 150 мл. кисела вода
- 150 мл. масло
- 5 јајца
- 1 лажиче прашок за пециво
Подготовка:
- Се матат јајцата со ронетото сирење и прашок за пециво.
- Се додава кисела вода со масло и се меша.
- Се става во длабока намастена тепсија од корите, доволни се две кори кои треба да излегуваат од плехот.
- Се става малку масло и се земаат останатите кори една по една и се гужваат и мократ во филот.
- Така се редат една на друга додека не се потрошат.
- Се става остатокот од филот горе и се преклопуваат страниците од корите кои излегуваа од плехот.
- Се става најгоре кора и масло.
- Се пече на 220 степени на загреана рерна 40 минути.
- Пријатно!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта