Домашна пица: Вечера спремна за половина час

Домашна пица: Вечера спремна за половина час

Додатоците за пица можете да ги бирате по своја желба.

Состојки за тесто:

  • 1/2 шолја млеко
  • квасец
  • сол
  • шеќер
  • 1 шолја топла вода
  • брашно по потреба

Останати состојки:

  • пелат домати
  • шунка Пекабеско
  • кашкавал
  • печурки
  • јајце

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец со малку сол и шеќер во топло млеко. Замесете тесто со млеко, шолја топла вода и брашно по потреба. Кога ќе нарасне, додајте брашно толку за тестото да не се лепи за раце. 
  2. Обликувајте подлога за пица, ставете доста пелати, потоа шунка, кашкавал и печурки. Ставете да се пече на 180 степени половина час, а 10 минути пред крајот ставете јајце на пицата.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text