Пита како памук

Пита како памук

Направете мека пита како памук.

Состојки:

  • 700 гр. брашно
  • 1 кесе квасец
  • 7 лажици масло
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 250 мл. вода
  • 3 јајца
  • 300 гр. кисело млеко
  • 1 лажиче сода
  • 250 гр. сирење
  • 80 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се става вода во сад со квасец и шеќер и две лажици брашно и се остава да нарасне.
  2. Се сее брашното и се ставаат матени јајца со масло и сол и квасецот, како и кисело млеко со сода.
  3. Се меша и се остава да нарасне.
  4. Се става пола смеса на плех со масло, се става сирење и растопен маргарин, па другата половина од смесата.
  5. Се распоредува рамномерно и се става горе на парчиња останатиот маргарин.
  6. Се пече на 170 степени додека не порумени.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки