Колач со белки ореви и чоколадо – Мерките се во шолји, брз за правење

Колач со белки ореви и чоколадо – Мерките се во шолји, брз за правење

Направете брз и едноставен колач кој е рапсодија од ореви, белки и чоколадо.

Состојки:

  • 1 шолја белки
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја брашно
  • 50 мл. масло
  • 100 гр. ореви
  • 2-3 штангли чоколадо
  • 1 кора од портокал

Подготвока:

  1. Се матат со миксер белките и кога ќе добиете цврст шлаг додајте и шеќер.
  2. Се мати со најголема брзина да се растопи шеќерот.
  3. Се додава миена и рендана кора од портокал при матењето, потоа брашно со масло и ситно сечени ореви.
  4. Се ставаат две третини од смесата во долг плех (10X24сантими) па преку него чоколадо рендано или ситно сечено.
  5. Се става во остатокот од филот малку какао едно лажиче и се става горе.
  6. Се пече половина час на 180 степени.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки