Салата со патлиџан

Салата со патлиџан

Вкусна салата со модар патлиџан.

Состојки:

  • 2 големи домати
  • 2 модри патлиџани
  • 2-3 тиквици
  • 1 главица кромид
  • масло
  • сол
  • бибер

Состојки за сос:

  • 1 дл јогурт
  • 1 дл павлака Пекабела
  • 3-4 чешниња лук
  • листови магдонос
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Патлиџаните исечкајте ги на парчиња, посолете и оставете половина час да излезе горчината. Тиквиците исто исечкајте ги на кругови па заедно со изминениот патлиџан испечете на тефлон тава со неколку лажици масло.

     

  2. Доматите и кромидот исечкајте ги, па наредете ги во сад со печени тиквици и патлиџани. Скеој ред малку посолете го, побиберете и прелијте со сос.

     

  3. За подготовка на сос измешајте ситно сечкан лук и магдонос со јогурт, павлака и маслиново масло. Посолете и побиберете по вкус.

     

  4. Пред послужување добро изладете во фрижидер.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text