Здраво и вкусно: Ориентална чорба

Здраво и вкусно: Ориентална чорба

Вкусна чорба која ќе ја правите многу често!

Состојки:

  • 1 кг леблебија
  • 300 гр домати
  • 200 гр печурки
  • 100 мл доматен сок
  • 2 чешниња лук
  • 1 лута пиперка
  • 1 лажица шеќер
  • маслиново масло
  • магдонос
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измиените леблебии згответе ги во благо посолена вода. Лушпите кои ќе испливаат на површина извадете ги со решеткаста лажица, а остатокот исцедете го.

     

  2. Изгмечениот лук и кругови лута пиперка пропржете на загреано маслиново масло, па извадете.

     

  3. На истото масло ставете коцки домати и исечкани печурки, па гответе десетина минути.

     

  4. Додајте леблебии, ставете доматен сок, налијте вода и гответе уште половина час. На крај измешајте шеќер, посолете, побиберете и посипете со сечкан магдонос.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text