Тулумби по едноставен рецепт

Тулумби по едноставен рецепт

Ви го нудиме наједноставниот рецепт за тулумби.

Состојки:

  • 1дл. масло
  • 4 дл. вода
  • 1 прстофат сол
  • 300 гр. брашно
  • ½ кеси прашок за пециво
  • 4 јајца 
  • 1 кг. шеќер
  • 1 л. вода
  • 1 лимон

Подготовка:

  1. Се става водата да зоврие со маслото и малку сол. Се трга и се додава брашно со прашок за пециво и се меша.
  2. Се додаваат јајцата кога ќе биде изладена смесата.
  3. Се става во шприц за тулумби и се прават на подмачкан плех.
  4. Се печат на 220 степени.
  5. Се става да се вари шеќер со вода.
  6. Се додава и ванилин шеќер и лимон, исечен на кругови.
  7. Се вари пет минути.
  8. Се става прелив врз тулумбите.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука