Макарони со сирење на американски начин

Макарони со сирење на американски начин

Овие макарони сервирајте ги со салата по желба.

Состојки:

  • 230 гр макарони
  • 2 шолји изрендано чедар сирење
  • 1/2 шолја рендан пармезан
  • 3 шолји млеко
  • 1/4 шолја путер
  • 2,5 лажици универзално брашно
  • 2 лажици путер
  • 1/2 шолја презла
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе макарони и исцедете ги, па во сад растопете путер на средно силен оган. Ставете брашно и убаво соединете да добиете густа смеса. Во таа смеса полека додајте млеко, непрекинато мешајќи.

     

  2. Додајте ги сирењата и гответе на слаб оган додека не се растопат, а сосот малку згусне. Во голема тепсија ставете макарони и прелијте ги со сос. Добро измешајте. Растопете путер во тава и додајте презла. Ставете преку макароните. Посипете со малку бибер. Печете на 175 степени 30 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука