Брза пита со сирење и шунка – само измешајте ги состојките и испечете

Брза пита со сирење и шунка – само измешајте ги состојките и испечете

Вкусен доручек или вечера…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 250 гр ситно сирење
  • сечкана шунка Пекабеско, количина по желба
  • сечкана црвена пиперка, количина по желба
  • сечкани кисели краставички, количина по желба
  • 1 лажичка оригано

Начин на подготовка:

  1. Одвоено разматете белки и жолчки, па соединете ги. Додајте јогурт и масло, измешајте со лажица, потоа додајте сирење, брашно, прашок за печиво, сол, оригано, шунка, пиперка и краставички. Печете во намастен плех на 200 степени додека не порумени.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука