Слатка овошна пита која мириса на детството

Слатка овошна пита која мириса на детството

Ќе уживате во вкусот…

Состојки:

  • 300 гр тенки кори
  • јаболка
  • банани
  • 100 гр суво грозје
  • 1 лажица мед
  • цимет
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, додајте 1 лажица мед, суво грозје и цимет. Изедначете.

     

  2. Кората растегнете ја на маса, па со четка премачкајте малку со масло и раширете една полна лажица фил. Свиткајте во тенка ролна.

     

  3. Плехот обложете го со хартија, па редете ролни. Премачкајте ги со масло и печете на 200 степени 40 минути. Печените ролни покријте ги со крпа, па посипете со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука