Обланди со два фила – Брз рецепт за секоја пригода

Обланди со два фила – Брз рецепт за секоја пригода

Направете обланди кои се брзи а со два фила.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. мелени ореви
  • 1 кесе ванилин шеќер
  • желе или суво овошје по желба
  • 100 мл. вода
  • 150 гр. шеќер
  • 170 гр. мелени бисквити
  • 50 гр. маргарин
  • 3 листа обланда

Подготовка:

  1. Се топат јајцата на пареа со шеќерот и се додава чоколадо кршено на коцки и маргарин, се меша се заедно.
  2. Се додаваат мелени ореви, ванилин шеќер и по желба сечено желе и суво овошје.
  3. Се става смесата на лист обланда и врз неа друг лист обланда.
  4. Се варат водата и шеќерот и кога малку ќе згуснат се става маргарин.
  5. Се меша, па се додаваат и мелените бисквити, а може да додадете и арома на лешник.
  6. Се става врз вториот лист обланда смесата и се става трет лист обланда горе.
  7. Се лади преку ноќ и се сече.

 

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула