Калоричен и здрав оброк!
Состојки:
- 1/2 помал праз
- 100 гр шунка
- 200 гр спанаќ
- 250 гр тестенини
- 1 домат
- 1 лажичка ајвар
- 2 чешниња лук
- 100 гр тврдо сирење
- масло
- сол
- бибер
Состојки за прелив:
- 2 лажици кисела павлака
- 2 јајца
- 50 мл млеко
Начин на подготовка:
- Тестенините згответе ги и процедете ги и малку намастете ги да не се лепат. На масло пропржете сечкан праз, додајте сечкана шунка и неа малку пропржете ја, додајте варен и сечкан спанаќ, лук, сол и на крај сечкани домати. Тестенините распоредете ги во помал плех па од горе ставете и израмнете фил. Ставете и коцки сирење.
- Во чинија разматете кисела павлака, јајца и млеко. Добро измешајте и прелијте. Печете на 200 степени окол 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки