Пита со јогурт, шунка и кашкавал – Коцки за појадок, мезе или вечера

Пита со јогурт, шунка и кашкавал – Коцки за појадок, мезе или вечера

Појадок, мезе, вечера, па и брз ручек за работа кој лесно ќе го понесете со себе.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 400 мл. јогурт
  • 300 гр. брашно
  • 1/3 лажички сол
  • ½ лажички прашок за пециво
  • 150 гр. сечена шунка
  • 150 гр. рендан кашкавал
  • 100 мл. масло
  • 50-60 гр. кисели краставички

Подготовка:

  1. Се сечат шунката и краставичките, се ренда кашкавалот.
  2. Се мешаат во сад јајцата со јогурт, па брашно со сол и прашок за пециво, се меша и се додава брашно со сечени шунка и кисели краставички, рендан кашкавал.
  3. На крај ставете си и зачини по избор.
  4. Се става смесата во плех со хартија и се пече на 180 степени додека порумени, околу половина час до 40 минути.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

singlepost_text