Пиперки полнети со кускус: Ако ви здосадиле класичните, пробајте ги овие полнети пиперки

Пиперки полнети со кускус: Ако ви здосадиле класичните, пробајте ги овие полнети пиперки

Пиперки полнети со кускус – одличен рецепт за вкусен оброк!

Состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 1 шолја кускус
  • 200 гр мелено јунешко
  • 2 шолји бистра пилешка супа
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • неколку црни маслинки
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исчистете и исечкајте пиперки долж на половини, наредете на тепсија и печете во рерна околу 10 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги на страна.

     

  2. Во пилешкиот бујон додајте кускус, поклопете и оставете да крчка 7 минути. Кога ќе биде готово, тргнете од шпорет.

     

  3. На масло издинстајте ситно сечкан кромид и лук, па додајте јунешко и крчкајте додека месото не биде готово. Посолете и побиберете и додајте ситно сечкани маслинки. Месото спојте го со кускус, измешајте и со таа смеса полнете ги пиперките. Печете ги пиперките десетина минути на 200 степени.
  4. Послужете со сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text