Брз ручек за денеска: Тестенини со најздравата намирница на светот

Брз ручек за денеска: Тестенини со најздравата намирница на светот

Тестенини со брокула за совршен и лесен ручек денеска.

Состојки:

  • 250 гр. тестенини
  • 500 гр. брокула
  • 2 чешни лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • малку изрендан пармезан
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Брокулата убаво се мие и се разделува на цветови, па заедно со тестенините се става да се вари во солена вода.
  2. Се цедат тестенините и брокулата, а дел од водата оставете го на страна.
  3. На маслиново масло кратко запржете го лукот. Ставете ги накратко и тестенините со брокла, и само малку додајте од водата во која сте ги вареле, заедно со зачините.
  4. Нека се подинста кратко, па послужете и додајте одозгора пармезан.

Инаку, според истражувањата, брокулата делува во превенирањето рак, особено рак на цревата, желудникот, матката и дојките. Го регулира и крвниот притисок, го зајакнува имунитетот со бројните витамини, меѓу кои најмногу витамин Ц и бета-каротенин. Таа е добра и за трудниците, како и за развој на бебето, па се препорачува уште во првите месеци да се воведе во исхраната. Ја регулира работата на цревата, штити од артритис, штити и од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Го чисти телото, подмладува, спречува алергии, добра е за кожата и коските, а се бори и со бактеријата отпорна на лекови, хеликобактер.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text