Ако ви е доста од мекици, уштипци и палачинки: Брзи топчиња со сирење

Ако ви е доста од мекици, уштипци и палачинки: Брзи топчиња со сирење

Вкусна идеја за појадок, топчиња со сирење.

Состојки:

  • 400 гр. кисело млеко
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче сол
  • 200 гр. сирење
  • 500 гр. брашно
  • маргарин

Подготовка:

  1. Се оставаат сите состојки на собна температура еден час.
  2. Се става во длабок сад киселото млеко и содата, па се чека малку да надојде, се додава сол и сирење изрендано.
  3. Се става брашно постепено и се престанува со месење кога тестото ќе престане да се лепи.
  4. Се прават топчиња со големина на јајце и се редат малку подалеку едно од друго во плех подмачкан со маргарин.
  5. Се прави мала вдлабнатина во секој круг и се става маргарин.
  6. Се печат на 180 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

 

singlepost_text