Посни брзи кифлички – Нема чекање да нараснат

Посни брзи кифлички – Нема чекање да нараснат

Направете ги највкусните посни кифлички кои не сечека да нараснат, а имаат супер вкус.

Состојки:

  • 1 кг. брашно тип 400
  • 500 мл. вода
  • 50 гр. квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 100 мл. масло
  • 1 посен маргарин
  • сусам

Подготовка:

  1. Се раствара квасецот во вода и се става една лажица шеќер.
  2. Се става брашното во сад и се додава останатиот шеќер, лажица сол и водата со квасец, па 100 милилитри масло.
  3. Се меси со додавање брашно ако е потребно за тестото да биде меко и да не се лепи.
  4. Не се остава ни квасецот ни тестото да нарасне, се е брзо и лесно.
  5. Се дели тестото на топчиња и се развлекуваат, се сечат триаголници и се виткаат кифлички.
  6. Се загрева рерната на 200 степени, се премачкуваат горе со посен маргарин и се става сусам, па се печат додека не добијат златна боја, 15 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук