Слатко задоволство: Поховани полнети палачинки

Слатко задоволство: Поховани полнети палачинки

Обожавате палачинки? На овој начин ќе ги сакате уште повеќе!

Состојки:

  • 400 мл млеко
  • 2 јајца
  • 3 банани
  • 2 лажици еурокрем
  • кора од портокал
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • брашно да се размати поретко тесто
  • масло
  • малку сол
  • брашно за поховање
  • презла за поховање
  • 2 јајца за поховање
  • масло за поховање

Начин на подготовка:

  1. Разматете 2 јајца, додајте млеко, кора од портокал, сол, брашно и малку масло. Со жица добро изедначете да биде без грутки. Печете ги палачинките.

     

  2. Во секоја палачинка ставете лажичка еурокрем и парче банана, па свиткајте како што е прикажано во видеото.

     

  3. Провлечете низ брашно, разматени јајца и презла. Пржете во длабоко масло убаво да порумени. Посипете со ванилин шеќер и шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text