Готови за 5 минути: Енергетски топчиња од урми и индиски ореви

Готови за 5 минути: Енергетски топчиња од урми и индиски ореви

Здрав десерт кој ќе ви ја врати енергијата!

Состојки:

  • 200 гр несолени индиски ореви
  • 20 урми без коски
  • 1 шолја кокосово брашно
  • 2 лажици свежо цеден сок од портокал
  • рендана кора од еден портокал

Начин на подготовка:

  1. Сомелете ги индиските ореви и ставете ги во чинија. Урмите ситно исечкајте ги, изгмечете ги во пире и додајте ги во садот со оревите.

     

  2. Потоа измешајте половина од кокосовото брашно, сок од портокал и изрендана кора и добро измешајте додека не добиете хомогена смеса.

     

  3. Обликувајте 12 топчиња и извалкајте ги во останатото кокосово брашно. Оставете ги топчињата во фрижидер на половина час.

Уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула