Децата ќе ги обожаваат: Ќофтиња од компир

Децата ќе ги обожаваат: Ќофтиња од компир

Направете вкусни компири во рерна како ќофтиња, кои ги обожаваат и децата.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 1 јајце
  • 1лажица сол
  • 1 лажиче магдонос
  • 100 гр. сирење
  • 100 гр. презла
  • 1 лажиче масло

Подготовка:

  1. Се мие компирот, се вари со солена вода.
  2. Се цеди и се лади, се лупи и се толчи како за пире.
  3. Се става јајце со сол и магдонос, па ронето сирење и се меша.
  4. Се прават ќофтиња, се мачкаат со малку масло и се валкаат во презла, па се редат на плех со хартија и се печат на 200 степени додека поруменат.

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта