Без јајца и млеко: Чоколаден колач кој ќе ве освои на првиот залак

Без јајца и млеко: Чоколаден колач кој ќе ве освои на првиот залак

Сочен колач со фантастичен вкус!

Состојки:

  • 1 1/2 шолја брашно
  • прстофат сол
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици какао прав
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици масло
  • 1 шолја вода
  • растопено чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во плех во кој ќе го печете колачот, измешајте ги сите суви состојки – брашно, сол, сода бикарбона, какао и шеќер. Потоа во мешавината со прсти направете три мали вдлабнатини. Во една ставете вода и ванила, во друга оцет, а во третата масло.

     

  2. Измешајте сè убаво со вилушка, па ставете да се пече на 180 степени околу 35 минути.

     

  3. Кога колачот ќе биде готов, прелијте го со растопено чоколадо (ќе ви треба околу 200 гр) и украсете по желба со овошје и шлаг.

Уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула