Еве како најдобро да го искористите белото пилешко месо: Роловано и сочно!

Еве како најдобро да го искористите белото пилешко месо: Роловано и сочно!

Сочно, меко, филивано, вкусно – совршен спој од вкусови…

Состојки:

  • бело месо од 1 пиле
  • 150 гр тенка сланина
  • 100 гр мортадела
  • 100 гр чаден колбас
  • 100 гр листови кашкавал
  • малку кисели краставички
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица намаз од сирење
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • кари
  • зачин по желба
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото исчукајте го, посолете, побиберете, додајте сув зачин по желба. На алуминиумска фолија прво наредете листови сланина. Пркеу наредете исчукано и посолено месо, премачкајте со сенф, а преку наредете мортадела,а неа премачкајте ја со намаз од сирење, преку ставете чаден колбас, лук, па кашкавал, потоа листови кисели краставички. Додајте малку магдонос и кари.
  2. Свиткјате заедно со фолијата и ставете во плех. Печете на 220 степени околу час и 20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта