Меки рози со сирење и суво грозје

Меки рози со сирење и суво грозје

Овие меки ружи се одлични со утринско кафе!

Состојки:

  • 200 млмлеко
  • 20 гр квасец
  • 350 гр брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажици масло
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 1 лажица путер
  • 200 гр несолено сирење
  • 2 лажици шеќер
  • 100 гр суво грозје
  • 1 жолчка за премачкување
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто, па оставете да нарасне 20 минути, па истресете го на побрашнета маса. Со сукало рзвлечете во правоаголник и премачкајте со омекнат путер.

     

  2. Преку путерот премачкајте сирење во кое сте додале 2 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Посипете со суво грозје. Свиткајте во ролат и сечете на ролни со дебелина од околу 2 см.

     

  3. Редете во намастен плех. Покријте малку да одмори па премачкајте со жолчка во која сте додале малку масло и лажица млеко. Печете на 180 степени околу 30-40 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text