Пита со шунка и маслинки прелиена со јајца

Пита со шунка и маслинки прелиена со јајца

Направете вкусна пита со шунка и маслинки.

Состојки:

  • 200 гр. брашно
  • 60 гр. маргарин
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 пиперки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2-3 домати
  • 100 гр. шунка димена
  • 1 рака маслинки чистени
  • 3 јајца
  • 3 лажици млеко
  • сол

Подготовка:

  1. Се рони маргаринот со брашното и се става сол, па со ладна вода се меси тесто.
  2. Се развлекува тестото, се става во загреана рерна на 200 степени 10 минути.
  3. Се динста на масло кромидот со лук, сечена и чистена пиперка и шунката, па се става врз полупеченото тесто смесата со маслинките.
  4. Се матат јајца со млеко и сол и се прлива питата.
  5. Се пече уште 30 минути.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки