Салата со компир и печурки

Салата со компир и печурки

Задолжително пробајте, сигурно ќе ви се допадне!

Состојки:

  • 6 варени компири
  • 200 гр маринирани печурки
  • 200 гр посен мајонез
  • 2 чешниња лук
  • 4 кисели краставички
  • малку магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Варените компири исечкајте ги на четвртини, маринираните печурки на листови, па спојте заедно со ситно сечкани краставички.

     

  2. Додајте мајонез и иситнет лук, па полека измешајте, а по потреба додајте уште мајонез. Посолете и побиберете, посипете со магдонос и изладете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо