Брза торта без печење – Може да биде и чоколадна и овошна

Брза торта без печење – Може да биде и чоколадна и овошна

Направете вкусна торта која не се пече, а идеална е за сите љубители во благо.

Состојки:

  • 500 гр. шлаг во прав
  • 6 дл. ладна кисела вода
  • 300 гр. мелена плазма
  • 300 гр, овошје или крем банани по избор
  • 1 мало кесе капучино од ванила или 3 лажици еурокрем
  • 200 гр. шлаг во прав
  • 1,5 дл. кисела вода

Подготовка:

  1. Се матат 500 грама шлаг со ладна кисела вода и се дели потоа шлагот на три еднакви дела.
  2. Во првиот дел се става мелена плазма, па се става тој дел на тацна, да биде како кора и се рамни.
  3. Се става во вториот дел сецкано овошје или крем банани по желба, се става смесата преку кората, а потоа се става во третиот дел шлаг или капучино или еурокрем и се става врз вториот слој.
  4. Се мати шлаг со кисела вода и се прекрива тортата.
  5. Декорирајте по избор, оладете и послужете.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

 

singlepost_text