Доручек за половина час: Леб со сланина без месење

Доручек за половина час: Леб со сланина без месење

Подготовката на овој леб ќе ви одземе помалку од половина час!

Состојки:

  • 200 гр сланина Пекабеско
  • 170 гр чедар или гауда
  • 5 парчиња стар леб
  • 1 лажичка свежи зачински билки (магдонос, темјан…)
  • 2 мали шолји млеко
  • 6 јајца
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Сланината исечкајте ја на мали парчиња, па продинстајте во тава, оставете да стане крцкава. Префрлете ја во поголем сад, додајте сирење исечкан на мали коцки, леб исечкан на коцки, сол, зачински билки.

     

  2. Во посебен сад измешајте млеко и јајца, па додајте ги останатите состојки и измешајте. Оставете лебот да ја впие течноста околу 15 минути. Префрлете заедно во калап за леб, а потоа калапот ставете го во поголем калап кој до половина сте го наполниле со вода. Прекријте го лебот со фолија и печете околу 45 минути. Тргнете ја фолијата, па печете уште половина час додека лебот не се подигне. Послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки