Освежувачки колач со сируп од малини

Освежувачки колач со сируп од малини

Направете вкусен освежувачки колач дома.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици брашно
  • 4 лажици какао
  • 1 лажиче прашок за пециво

Плус:

  • 500 мл. млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кесе ванилин шеќер

Горе:

  • 200 гр. шлаг
  • 2 мали шолји млеко
  • 100 гр. малини
  • 2 лажици шеќер и малку вода и густин

Подготовка:

  1. Се матат белките, се додава шеќер, жолчки, масло и млеко, потоа брашно со прашок за пециво.
  2. Се додава какао и се мати на помала брзина со миксер, додека се не се стопи.
  3. Се става смесата во плех со хартија и се пече на 200 степени 20 минути.
  4. Се лади.
  5. Се загрева за прелив млеко со шеќер, па се става врз колачот кога ќе е оладен.
  6. Се мати шлаг со млеко и се премачкува колачот горе.
  7. Горе направете по избор прелив од малини така што ќе ставите рака замрзнати малини со 100 грама шеќер на оган, се крчкаат 10-15 минути.
  8. Во малку вода растопете густин и ставете ги малините, па преливот ставете го врз колачот.
  9. Ако не сакате, доволно е шлаг.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки