Слатки ружи меки како памук – цела куќа мириса кога ги спремате

Слатки ружи меки како памук – цела куќа мириса кога ги спремате

Слатко печиво со крем сирење и суво грозје…

Состојки:

  • 40 гр свеж квасец или 8 гр сув
  • 1 кг брашно
  • 250 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 250 гр путер или маргарин
  • 3 јајца
  • 2 лажички шеќер
  • 1,5 лажичка сол
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • кора од лимон

Состојки за фил:

  • 150-200 гр суво грозје
  • 250 гр крем сирење
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, путер, ванилин шеќер, додајте топло млеко и надојден квасец (претходно разматен во млака вода со шеќер). Замесете со брашно во кое сте ставиле сол и изрендајте кора од лимон. Оставете да надојде. Премесете, поделете на два дела, развлечете со сукало.

     

  2. Измешајте крем сирење, шеќер во прав и павлака и премачкајте преку тестото. Ставете и суво грозје, свиткајте како штрудла, исечкајте на помали парчиња – ружи. Премачкајте со разматено јајце и мед и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Така направете и со другиот дел од тестото. Посипете со шеќер во прав и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text