Потребни ви се само 3 состојки – највкусни погачици со сирење

Потребни ви се само 3 состојки – највкусни погачици со сирење

Уживајте во фантастични погачици…

Состојки:

  • 300 гр фета сирење
  • 250 гр маргарин
  • 300-350 гр брашно
  • 1 јајце за премачкување
  • сол ако сирењето не е солено

Начин на подготовка:

  1. Изгмечете го сирењето, додајте маргарин на собна температура па со раце изгмечете го да се изедначи. Додајте брашно и продолжете да месите додека не стане компактно. Оставете прекриено да стои во фрижидер околу 30 минути. 
  2. Развлечете, не многу, и вадете погачици со чашка. 
  3. Наредете ги на хартија за печење или намастена тепсија со маргарин, оставете ги да отстојат додека рерната се загрее на 200 степени. Премачкајте ги со разматено јајце. Печете околу 20 минути. 
  4. Послужете ги топли или чувајте ги прекриени бидејќи можат да стојат и до три дена. Остануваат фини и меки.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки