Пита која веднаш ќе се изеде и едвај ќе дочекате пак да ја направите.
Состојки:
- 1 пакување кори за пита
- 5-6 тиквички
- 500 гр. сирење
- 5 јајца
- 5 лажици кисела павлака
- 1 лажица гриз
- 1 лажиче прашок за пециво
- вегета, сол и бибер
Подготовка:
- Се лупат и рендаат тиквичките, па се оставаат со сол 15 минути да пуштат вода и се цедат со раце.
- Се меша ситнетото сирење со 3 јајца, 2 лажици киселата павлака, и гриз.
- Се ставаат зачини по желба.
- Се става една кора на премачкан плех, се ставаат тиквички, па од смесата со сирење, па друга кора и така додека има кори и фил.
- Се завршува со кора.
- Се мешаат две јајца и кисела павлака и се сече питата на коцки, па се прелева со смесата.
- Се пече на 180 степени 30 минути.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки