Рижото со сос од рукола и ореви

Рижото со сос од рукола и ореви

Вкусно рижото со песто сос од рукола и ореви…

Состојки:

  • 1 шолја арборио ориз
  • 3 шолји вода
  • 3 раце рукола
  • 1/2 шолја ореви
  • 1/2 шолја пармезан
  • 1/2 шолја маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Оризот динстајте го на малку маслиново масло, постојано мешајќи. Додајте вода и гответе поклопено на слаб оган 13-15 минути.

     

  2. Со миксер иситнете ги сите останати состојки така што ќе добиете песто. Песто сосот потоа измешајте го во оризот и по потреба додајте уште малку вода или масло.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text