Колач од нутела и бисквити

Колач од нутела и бисквити

Десерт со омилениот крем од лешник.

Состојки за фил:

  • 3 шолји слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 1/2 шолја нутела

Состојки за подлога:

  • 150 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити измешајте ги со растопен путер и какао. Добро измешајте ја смесата, додека не стане еднолична. Смесата добро притиснете ја во калап за печење и печете 10 минути на температура од 170 степени.

     

  2. Со миксер разматете слатка павлака, додајте шеќер, екстракт од ванила и цимет, па уште малку разматете. Додајте нутела, па лесно со лажица измешајте во филот.

     

  3. Филот прелијте го преку подлогата и оставете го колачот во фрижидер некое време, за да стегне.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text