Вкусни рум мафини

Вкусни рум мафини

Неодоливи колачиња со рум…

Состојки:

  • 1 лажица путер
  • 4 јајца
  • 120 гр кафеав шеќер
  • 35 гр рогач
  • 60 гр суво грозје
  • 2 лажици рум
  • 60 гр грубо сечкано чоколадо
  • 100 гр брашно
  • 1 рамна лажичка прашок за печиво

Состојки за глазура:

  • 70 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажичка млеко
  • 1/2 лажичка масло

Начин на подготовка:

  1. Потопете суво грозје во рум и оставете околу 15 минути да отстои.

     

  2. Пенасто разматете омекнат путер и шеќер, додајте јајца, па смесата добро разматете ја. Додајте рогач, брашно измешано со прашок за печиво, а на крај чоколадо и натопено грозје.

     

  3. Смесата распоредете ја во калапи за мафини и печете на 180 степени околу 25 минути.

     

  4. На пареа растопете ги сите состојки за глазура и лесно прелијте по секој изладен мафин.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text