Едноставен колач со мак

Едноставен колач со мак

Вистински десерт за сите љубители на мак.

Состојки за тесто:

  • 4 јајца
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши брашно Т 500
  • 1,5 чаша мелен мак

Состојки за премачкување:

  • 4 лажици ликер од кајсии
  • 4 лажици вода
  • 3 лажици џем од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Со миксер пенасто разматете јајца и масло. Постепено додавајте шеќер и мелен мак. Наизменично додавајте брашно и млеко и постојано мешајте. Ставете го тестото во намастен и побрашнет плех и печете околу 50 минути на 180 степени.

     

  2. Печеното тесто уште топло преполовете го и оставете да се излади. Измешајте ликер со вода и натопете го изладеното тесто. Растопете џем со малку вода и премачкајте една половина од тестото и прекријте со друга половина. Повторно премачкајте со џем и прелијте со глазура од чоколадо. Вака подготвениот колач украсете го со чоколадни украси по избор.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text