Чорба со пилешко и печурки, идеална во зимските денови

Чорба со пилешко и печурки, идеална во зимските денови

Вкусна чорба со пилешко и печурки…

Состојки:

  • 500 гр печурки по желба
  • 300 гр пилешки гради
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 веза зеленчук за супа
  • 200 мл павлака за готвење
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло пропржете пилешко исечкано на коцки, додека не порумени.

     

  2. Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид и лук, па додајте морков исечкан на коцки, целер и магдонос.

     

  3. Гответе десетина минути па измешајте печурки исечкани на листови. Динстајте додека не испари вишокот вода па измешајте пилешко и налијте вода.

     

  4. Гответе 15 минути и измешајте павлака за готвење и оставете да зоврие.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text