Gotvi.mk избран за Сајт на годината во категоријата „Храна и здравје“

Gotvi.mk избран за Сајт на годината во категоријата „Храна и здравје“

Во конкуренција на десетина портали и блогови, Gotvi.mk е прогласен за победник во категоријата „Храна и здравје“ во рамките на манифестацијата „Сајт на годината 2019“.

Манифестацијата се одржа десетта година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс, која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, во партнерство со АдМедиа, со поддршка на Министерство за култура и Кожувчанка ДОО Кавадарци.

Второто место во категоријата „Храна и здравје“ го освои www.coolinari.mk, а третото www.sezahrana.mk. 

Најдобар сајт за 2019 година е fakulteti.mk

Тимот на Gotvi.mk се заблагодарува на сите читатели, љубители на вкусната храна и рецепти без кои порталот немаше воопшто да опстои, а камоли да ја освои оваа награда. Благодарност за читателите од целата земја, соседството, како и од сите континенти во светот.

Вие сте главната причина поради која медиумскиот простор е побогат со многу рецепти, кулинарски совети и идеи кои го прават секојдневниот живот многу повкусен и исполнет со убави лични и семејни моменти 🙂

Би сакале да се заблагодариме и на огромниот број на брендови, производители, дистрибутери и маркетинг агенции кои целиот изминат период ја даваат довербата и ги поддржуваат заедничките напори на тимот и читателите на Gotvi.mk.

Да продолжиме и во иднина сите заедно да бидеме светол пример на соработка и позитивен дел од секојдневието. Ова повторно претставува признание на секој од вас. Ви благодариме!

Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне, поттикне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси седум илјади интернет посетители од Македонија.

Добитници во сите категории:

Најдобар Сајт за 2019 година
Прво место: fakulteti.mk
Второ место: cashbackworld.com
Трето место: grouper.mk

Најдобра мобилна апликација
Прво место: Cashback world
Второ место: Air Care (Moj Vozduh)
Трето место: Grouper

Храна и Здравје
Прво место: gotvi.mk
Второ место: coolinari.mk
Трето место: sezahrana.mk

Мода и Убавина
Прво место: fashionel.mk
Второ место: ubavinaizdravje.mk
Трето место: zenskimagazin.mk

Автомобилизам
Прво место: carclub.mk
Второ место: autoKlub.mk
Трето место: krug.mk

Туризам и Угостителство
Прво место: savanaonline.com
Второ место: vezilka.com
Трето место: tourguide.mk

Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување
Прво место: sparkasse.mk
Второ место: biznismreza.mk
Трето место: bankarstvo.mk

IT и Електроника
Прво место: gg.mk
Второ место: neptun.mk
Трето место: serafimov.mk

Најдобар сајт за владини/државни институции
Прво место: nationalgallery.mk
Второ место: avrm.gov.mk
Трето место: uhmr.gov.mk

Најдобар сајт за невладини организации
Прво место: ckrm.org.mk
Второ место: borka.org.mk
Трето место: msmakedonija.eu.org

Образование, Наука и Култура
Прво место: fakulteti.mk
Второ место: kupikniga.mk
Трето место: literatura.mk

Е-трговија и огласи
Прво место: vrabotuvanje.com.mk
Второ место: grouper.mk
Трето место: pazar3.mk

Најдобар корпоративен сајт
Прво место: cineplexx.mk
Второ место: mebeldizajn.com
Трето место: kosula.mk

Најдобар мобилен сајт
Прво место: grouper.mk
Второ место: crnobelo.com
Трето место: pazar3.mk

Најдобар блог
Прво место: blog.brainster.co
Второ место: blog.literatura.mk
Трето место: karas4training.com

Спорт
Прво место: ekipa.mk
Второ место: gol.mk
Трето место: derbi.mk

Забава
Прво место: edennaeden.mk
Второ место: motika.com.mk
Трето место: fn.mk

Вести и информации
Прво место: denar.mk
Второ место: bankarstvo.mk
Трето место: pravdiko.mk

Честитки до сите добитници!