Лесен ручек готов за миг: Спанаќ со тиквици и лук

Лесен ручек готов за миг: Спанаќ со тиквици и лук

Со ова посно јадење можете да послужите компир, ориз или што и да посакате.

Состојки:

  • 500 гр исчистен спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 1 млада тиквица
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • кари
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците излупете ги, па исечкајте ги на коцки и посолете. Оставете така 20 минути, да пуштат вода, па исцедете.

     

  2. На масло пропржете ситно сечкан кормид, па додајте измиен и исечкан спанаќ и динстајте додека не испари течноста.

     

  3. Додајте исцедени тиквици, намалете го огнот и динстајте уште додека тиквиците не омекнат околу 15 минути.

     

  4. На крај додајте зачин, кари и лук, ситно сечкан. Исклучете и оставете поклопено.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки