Лешник бајадера

Лешник бајадера

Направете вкусна и лешник бајадера.

Состојки:

  • 150 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 100 гр. маргарин
  • 200 гр. чоколадо за готвење (100 за колачот, 100 за глазура)
  • 200 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. мелени лешници печени
  • 2 лажици масло

Подготовка:

  1. Се става вода и шеќер со сечен маргарин во шерпа и се остава да зоврие се заедно.
  2. Се додава чоколадо кога ќе зоврие и се меша да се стопи.
  3. Се трга, се ставаат веднаш лешниците и мелените бисквити и се меша.
  4. Се става смесата во калап со хартија и се рамни.
  5. Се топи чоколадо со масло и се става врз колачот.
  6. Се лади и се сече потоа на штангли или коцки.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text