Вкусен ручек: Кус-кус со јагнешко

Вкусен ручек: Кус-кус со јагнешко

Подгответе вкусен ручек од кускус и јагнешко…

Состојки:

  • 2 шолји кус-кус
  • 500 гр јагнешко месо
  • 2 главици кромид
  • 1/2 лажичка шафран
  • 1 лажица доматно пире
  • 200 гр суво грозје
  • 8 лажици масло
  • 20 гр путер
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте јагнешко на парчиња. Зачинете со сол, бибер, шафран и доматно пире. Додајте исечкан кромид. 
  2. Динстајте на масло околу 5 минути, додајте 2 шолји врела вода и гответе додека месото не омекне. 
  3. Посебно згответе кус-кус со 2 лажици масло, путер и сол. 
  4. Тргнете од рингла, додајте 2 лажици врела вода, вратете на рингла и гответе на ниска температура уште 5 минути. Измешајте кус-кус со месо.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко