Трпезата не е целосна без кифлички – Рецепт за празниците

Трпезата не е целосна без кифлички – Рецепт за празниците

Направете супер брзи кифлички за празниците.

Состојки:

  • 300 гр. меко брашно
  • 1 кг. брашно тип 400
  • 800 мл. млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 20 гр. сув квасец
  • 2 лажици сол
  • 100 мл. мсло
  • 400 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се топли млеко се става квасец, шеќер и 2 лажици остро брашно.
  2. Се остава 10 минути да се активира квасецот.
  3. Се става цело остро брашно во вангла и се додава квасецот, се меси со рака, се става цело масло со сол и се меша пак.
  4. Се става пола од мекото брашно и се меси.
  5. Се ставаат уште 1-2 лажици масло и се премесува и се остава еден час тестото.
  6. Се дели на два дела, секој се развлекува, се сечат триаголници и се виткаат кифлички.
  7. Се редат на плех со хартија и се премачкуваат со јајце, се става по желба сусам, ким, морска сол и се печат 15 минути на 200 степени, на претходно загреана рерна.

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта