Посни крофни со шлаг: Вкусни и наредниот ден

Посни крофни со шлаг: Вкусни и наредниот ден

Доколку сакате да се засладите за време на постот, направете вкусни посни крофни.

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 100 мл кисела вода
  • 550-600 гр брашно
  • 2 лажици соино млеко во прав
  • сол
  • малку шеќер
  • кора од лимон
  • 50 мл масло
  • 150 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода растопете квасец и додајте шеќер. Во остатокот од водата додајте 2 лажици соино млеко и измешајте. Додајте брашно и сол, кисела вода, кора од лимон, масло и замесете меко глатко тесто.

     

  2. Покријте да одмори 20 минути. Ставете на маса, па со сукало развлечете на дебелина од половина сантиметар. Вадете крофни со калап.

     

  3. Крофните со дупчиња ставајте ги преку целите па покријте со кеса да одморат 10 минути. Пржете во длабоко масло. Украсете со шлаг, кој ќе го ставите во дупчињата на крофните.

     

  4. Може да ги посипете и со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта