Пилешко со сенф и пиво – Совршено за ручек и празнична трпеза

Пилешко со сенф и пиво – Совршено за ручек и празнична трпеза

Направете вкусно пилешко со пиво.

Состојки:

  • 1 пиле (до 2 кг)
  • 500 мл. пиво
  • 1 главица кромид
  • 4-5 чешни лук
  • 150 мл. маслиново
  • 4 лажици сенф
  • 1 лажица вегета
  • ½ лажички сол и малку бибер

Подготовка:

  1. Се мие пилето се отстрануваат нечистотиите ако ги има.
  2. Се сече ситно кромидот и лукот и се додава пиво, сенф, вегета, сол и бибер.
  3. Се става пилето во длабок сад, да биде кнап внатре за да биде убаво потопено во маринадата.
  4. Се прелива со смесата се става фолија и се става во ладилник неколку часа.
  5. Се остава потоа малку на собна температура и се става на плех со масло, се става маринадата и се прекрива пак со фолија и се пече на 200 степени.
  6. По еден час се трга фолијата и се врти пилето да се пече и од другата страна.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство