Баунти штангли без печење (Видео рецепт)

Баунти штангли без печење (Видео рецепт)

 Баунти штангли без печење.

Состојки:

  • 300 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. црно чоколадо
  • 200 мл. топло млеко

Фил:

  • 500 мл. млеко
  • 100 гр. шеќер
  • 80 гр. гриз 
  • 180 гр. кокос
  • 3 лажици масло за глазура
  • 100 гр. чоколадо за глазура

Подготовка:

  1. Се мешаат мелени бисквити со ситно рендано чоколадо и се додава млеко полека, со мешање.
  2. Се става смесата во калап со хартија за печење, се рамни .
  3. На млекото му се става шеќер и се остава да врие на оган, а потоа се става гриз и кога ќе се згусне се трга од оган и се става кокос со мешање.
  4. Се лади малку и се става врз кората.
  5. Се крши чоколадото на масло, се топат и се става врз колачот.
  6. Се лади и служи.