Појадок, мезе, вечера или за гости: 36 солени мафини од една смеса

Појадок, мезе, вечера или за гости: 36 солени мафини од една смеса

Направете вкусни солени мафини.
Ова се мерки за 36 мафини.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 120 мл. масло
  • 500 мл. јогурт
  • 200 гр. пченкарно брашно
  • 100 гр. бело брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 гр. сирење
  • 150 гр. шунка за фил
  • 150 гр. спанаќ или блитва

Подготовка:

  1. Се става вода во шерпа да врие, се става спанаќот или блитвата и се вари 2-3 минути.
  2. Се цеди, мие со ладна вода и се сече.
  3. Се матат јајца со сол и масло и јогурт, се додаваат двата вида брашно и прашок за пециво и се меша со жица да нема грутки.
  4. Се става ситнетото сирење, ќе има мали грутки од него.
  5. Се загрева рерна на 200 степени и се сече шунката ситно.
  6. Се става во смесата и се меша, па се става од смесата во подмачкани калапи за мафини до пола.
  7. Се печат 25 минути.
  8. Инаку, во смесата може да си ставите било што освен шунка и блитва, ајвар, печеница, кулен, колбаси, кашкавал…

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text