Ќе мириса од рерната: Добро утро со пита со спанаќ

Ќе мириса од рерната: Добро утро со пита со спанаќ

Направете вкусна пита со спанаќ.

Состојки:

  • 500 гр. готови кори
  • 500 гр. сирење
  • 500 гр. спанаќ
  • 5 јајца
  • 50 мл. јогурт
  • 50 мл. масло
  • 5 лажици палента

Подготовка:

  1. Се ставаат сирењето со јајца, јогурт и масло, палента во сад и се мешаат, а малку од смесата се остава за премачкување, а во другиот дел се става спанаќот убаво миен и исчистен.
  2. Се зема кора и се премачкува со масло, па се става втора кора, се става смеса и се вика ролна.
  3. Така се прави со сите кори, а кога ќе ги наредите се премачкуваат со остатокот од смесата.
  4. Се печат на 220 степени 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте